Српскиот прволигаш ОФК Белград официјално го претстави македонскиот голман Марко Алчевски како ново засилување. Тој пристигна од Израел, каде што настапуваше за тимот на Хапоел Ерусалим.
Алчевски, кој има 23 години, ќе игра за белградскиот клуб како позајмен играч во следната сезона, со договор на една година. Тој досега забележа 17 настапи за македонската репрезентација до 21 година, а сè уште го очекува својот деби настап за сениорската селекција.
Во ОФК Белград ќе биде во друштво на уште еден наш репрезентативец, десниот бек Стефан Деспотовски, кој веќе една полусезона е дел од белградскиот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













