Шкендија комплетираше уште еден извонреден трансфер откако актуелниот првак успеа да го доведе во своите редови Хуан Фелипе. Станува збор за засилување кое пристигнува директно од вицешампионот Вардар, со што тетовци дополнително ја зголемуваат квалитативната разлика во однос на ривалите. Бразилецот важеше за еден од најдобрите фудбалери во македонскиот шампионат во последните сезони, имаше кратка авантура во Казахстан по која се врати назад во Вардар, но поради големите финансиски проблеми реши повторно да си замине од таборот на скопските „црвено-црни“.
Договорот на Фелипе со Шкендија е на „една плус една сезона“, а нема сомнеж дека Бразилецот ќе му биде од голема корист на тренерот Османи во квалификациите за Лигата на шампионите.
Пристигнувањето на најновото засилување на лекарски прегледи се очекува на 5 јули, по што Фелипе ќе му се стави на располагање на стручниот штаб и ќе почне со подготовки со својата нова екипа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal