Македонскиот првак Шкендија нема да игра сезонава во младинската Лига на шампиони, откако Европската фудбалска асоцијација одлучи денеска да го откаже натпреварувањето поради пандемијата на коронавирус.
Новата сезона требаше да стартува во првата недела од март, а Шкендија со веќе извршената ждрепка требаше да игра против Габала од Азербејџан, на 4 март на домашен терен.
Обелоденувајќи ја одлуката, УЕФА наведе дека патните рестрикции од кои се погодени екипите создаваат големи проблеми околу организација на нивните натпревари, додавајќи дека две екипи веќе го откажале настапот во младинската ЛШ.
„Извршниот комитет одлучи дека веќе не постои можност за дополнително пролонгирање на почетокот на натпреварувањето и нагласува дека здравјето и безбедноста на младите фудбалери мора да бидат од највисок приоритет“, соопшти УЕФА.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова
Втора лига
Брегалница и Детонит ремизираа без голови













