Повредата што Горан Пандев ја заработи на минатонеделниот дуел со Болоња не е од посериозен карактер, па македонскиот ас би можел експресно да се врати на терените, без да пропушти ниту еден натпревар на својот тим.
Деталните лекарски прегледи покажале дека по ударот во пределот на коленото немало никакви последици, па Пандев веќе почнал да тренира со остатокот од екипата. Информациите од Џенова говорат дека лекарите се оптимисти, Македонецот ќе биде стопроцентно подготвен за неделниот дуел со неговиот поранешен клуб Лацио.
Пандев треба да биде нашата централна фигура на натпреварот со Косово, на 26. март во Скопје, во полуфиналето од Лигата на нациите.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski