Манчестер Јунајтед побарал од Манчестер Сити дали можат Алехандро Гарначо и Коби Мејно да влезат во приватниот авион што Сити го изнајмил за своите фудбалери и фудбалерки за патот во Париз на доделувањето на „Златната топка“ во понеделник. Но, добиле негативен одговор.
Како што пренесува медиумите од Островот, шампионите на Премиер – лигата изнајмиле приватен лет кој ќе пренесе осум номинирани за престижната награда.
„Во потег кој предизвикува подигнати веѓи, Јунајтед побарал од соседите дали има место за двајца од своите играчи. За жал, клубот од „Олд Трафорд“ бил информиран дека на летот нема места и упатени се да организираат друг аранжман“, тврди британскиот „Дејли Мејл“.
Во Манчестер Јунајтед се обидуваат да ги намалат трошоците, а ова беше една од идеите како да заштедат. Рубен Диаш, Фил Фоден, Ерлинг Халанд и Родри се играчите на Манчестер Сити кои конкурираат за наградата во машката категорија, а Јуи Хасегава, Лорен Хемп и Хадидија Шо се фудбалерките кои би можеле да бидат наградени во женска конкуренција.
Меѓу играчите под 21 година, за наградата е номиниран Савињо. Во истата категорија се и Гарначо и Мејно од Манчестер Јунајтед.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski