Бразилскиот интернационалец Филипе Кутињо најверојатно ќе остане во Барселона оваа сезона сезона, а човекот од кого сакаа да се ослободат, сега ќе стане идниот лидер на тимот, тврди „Мундо Депортиво“. Каталонскиот гигант се уште се опоравува од ненадејното заминување на Лионел Меси, а неговата „десетка“ најверојатно ќе ја наследи токму Кутињо.
Според правилата на Ла Лига, фудбалерите мора да бидат пријавени со броеви од „1“ до „25“, а тоа значи дека не може „десетката“ што ја носеше Меси да остане празна.
Кутињо беше надвор од тимот во поголемиот дел од минатата сезона поради повреда здобиена на крајот на 2020 година и не играше и изминатиот викенд против Реал Сосиедад во првото коло.
Имаше најави и за евентуална размена со Арсенал за Пјер Емерик Обамејанг, но најверојатно Кутињо ќе остане на „Камп Ноу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













