Фудбалерите на Академија Пандев играат во извонреден ритам на почетокот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. По претходниот убедлив триумф против Македонија ЃП, „пандевци“ денеска во 12. коло гостуваат на Борец во Велес водени од желбата со победа повторно да се вратат на лидерската позиција на табелата.
Борец, за разлика од негативните резултати на гостински терен, игра одлично пред своите навивачи што носи верба и во редовите на велешани за победа и против Академија Пандев. Но, струмичани од натпревар на натпревар потврдуваат дека ќе бидат едни од најсериозни кандидати и за шампионската титула.
„Долго е уште првенството, и затоа не сакаме многу да размислуваме за битката за титула. Но, едноставно играме од натпревар за натпревар. На секој дуел му пристапуваме максимално сериозно. Така ќе биде и во Велес, со комплетен респект за екипата на Борец која бележи одлични резултати на домашен терен“ – вели стратегот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски.
Во останатите денешни натпревари Ренова во Тетово го пречекува Шкупи, а Силекс во Кратово ќе биде домаќин на Струга Трим Лум. Дербито се игра во Ѓорче Петров каде Македонија ЃП ја пречекува Шкендија.
ПРВА ЛИГА – 12. КОЛО (денеска, 13:30 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
Тетово: РЕНОВА – ШКУПИ
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ
Велес: БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ
ВЧЕРА
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-2
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski