Connect with us

Од 16 август во публика на стадион ќе можат само вакцинираните

Владата воведе нова мерка со која на фудбалските стадиони (и други спортски објекти) ќе може да се присуствува само со потврда за најмалку една доза на примена вакцина против Ковид-19.


„Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани)“, е одлуката која е донесена на денешната владина седница.


Ова значи дека од третото коло во Првата фудбалска лига на стадионите низ Македонија ќе може да влезат само вакцинираните граѓани.

Оваа одлука, секако, би требало да остане во важност и за претстојните натпревари на фудбалската репрезентација на Македонија во квалификациите за СП во септември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови