
Пјер-Емерик Обамејанг во го напушти Арсенал и потпиша за Барселона, каде одигра фантастична полусезона. Сепак, ова лето одлучи да се врати во Англија и потпиша за Челси.
На Габонецот му стана јасно дека по доаѓањето на Роберт Левандовски тој повеќе нема да биде прв избор во нападот, па во самиот финиш на преодниот рок се пресели на „Стемфорд бриџ“.
Неговиот трансфер во Челси го навлече гневот на навивачите на Арсенал, кои му рекоа дека го предал клубот. Обамејанг своевремено беше прва ѕвезда на Арсенал, но сето тоа се промени откако тој се скара со менаџерот Микел Артета.
Шпанскиот стратег неколку натпревари не сметаше на Обамејанг, а Габонецот подоцна реши да ги спакува куферите и да го напушти клубот потпишувајќи за Барселона.
Обамејанг, секако, нема добро мислење за Артета, а навистина што мисли кажа во видео за кое не знаеше дека ќе биде снимено.
„Кога Артета треба да тренира играчи кои се ѕвезди, тогаш се губи и не може да го направи тоа. Му требаат само млади играчи кои не кажуваат ништо и само слушаат што зборува. Само така може да работи“, рече Обамејанг.
This is not a good look for Aubameyang as a professional 😬
— 101 Great Goals (@101greatgoals) October 9, 2022
💬 On Arteta: “Big characters and big players…he can’t deal with it. He needs some young players that don’t say anything.”
pic.twitter.com/2xqg7rak1y

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Баерн Минхен би сакал да го купи Родриго

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
