Connect with us

Нуно Еспирито Санто денеска ќе го води Нотингем Форест, можеби и последен пат

Менаџерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто, со сигурност ќе остане на клупата за натпреварот против Кристал Палас во недела во Премиер – лигата, пренесе ДПА. Тој ги поттикна шпекулациите дека би можел да биде отпуштен, откако изјави дека „нема чад без оган“.

Португалскиот страгег потпиша нов договор во јуни, откако го одведе Форест во европските купови за првпат од 1995 година, но призна дека неговите односи со сопственикот на клубот, Евангелос Маринакис, се влошиле по доаѓањето на новиот спортски директор, Еду Гаспар.

Тимот на Нотингем Форест во саботата наутро одржа тренинг и потоа тргна кон Лондон за неделниот натпревар. Дуелот носи и дополнителна приказна, бидејќи токму Форест го зазеде местото на Кристал Палас во Лига Европа, откако лондонскиот клуб беше исфрлен од натпреварувањето поради проблеми со сопственоста.


Кристал Палас вложи жалба до Арбитражниот спортски суд во Лозана, но ја загуби постапката.

„Форест не е виновен за случајот. Минатата година направивме одлична работа. Ќе биде предизвик. Не сме ние тие што треба да ги обвинуваат, но очекувам во посебна атмосфера околу натпреварот“, призна Нуно Еспирито Санто.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови