
Дарвин Нуњез минатата сезона беше сензација во Лигата на шампионите како напаѓач на Бенфика. Погоди против Барселона, Баерн, Ајакс, а со двата гола против Ливерпул во четвртфиналето заработи рекорден трансфер на „Енфилд“.
Уругвајскиот стрелец се пресели во Ливерпул за фиксни 75 милиони евра, а обештетувањето со бонуси може да се искачи и до 100 милиони евра, со што Нуњез стана најскапиот играч во историјата на „црвените“.
Сепак, не ја почна одисејата на „Енфилд“ според очекувањаѕа, а не постигна гол и на синоќешниот натпревар, во кој Ливерпул го победи Ренџерс во Лигата на шампионите, иако одигра 80 минути.
По натпреварот шокираше со изјавата дека ништо не го разбира Јирген Клоп.
„Искрено, јас навистина не разбирам ништо што тој вели во подготовката за натпреварот или на полувремето. Откако ќе заврши со разговорот, ги прашувам моите соиграчи што рече. Но, мислам дека е многу јасен во она што го кажува. Тој бара да правиме едноставни работи на теренот, да не се плашиме да играме, да бидеме самоуверени. И да почнеме да притискаме кога ќе ја изгубиме топката. Тоа секогаш го бара од нас“, изјави Нуњез.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal