
Манчестер Јунајтед успеа да остане непоразен на „Вила парк“ ремизирајќи без голови на гости против Астон Вила. Почетокот на сезоната за „ѓаволите“ не е според посакувањата, но секако дека Ерик Тен Хаг и фудбалерите треба да бидат задоволни со освоениот бод од денешното гостување.
Челси веројатно не може да биде задоволен од освоениот бод (1-1) на „Стемфорд бриџ“ против Нотингем Форест. Гостите играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Џејмс Ворд-Праус во 78.минута, но Челси можеше и да загуби. Во 103.минута, длабоко во судиското продолжение, Роберт Санчез го спаси домашниот тим од пораз со неверојатна одбрана.
Крис Вуд во 50.минута постигна гол за водство на Нотингем Форест, а израмни Нони Мадуеке седум минути подоцна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал го купува Лиам Делап за 35 милиони евра

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
