
Шкендија и Шкупи во дербито на колото во Тетово ремизираа без голови. Имаше допадлив фудбал, но двете мрежи мируваа. Методи Максимов можеше да донесе триумф во 74. минута, но не успеа да искористи зицер.

Брера го пречека Работнички во Струмица. Двете екипи одиграа квалитетно, но немаше голови. Петар Петковски го погоди дирекот од голот на Брера, а Димитар Трајков ја имаше најдобрата шанса за домаќинот. Шутираше атрактивно со ножички, но Алексовски одбрани.
Вардар ја победи Македонија ЃП со 2-1. Дарко Мицевски од пенал погоди во 25 минута, а Азар Омерагиќ зголеми на 2-0 во 33.минута. Македонија ЃП постигна почесен гол во финишот преку Никола Величковски.
Гостивар беше домаќин против Силекс и загуби со 1-2. Ангелче Тимовски постигна дебитантски гол за Гостивар, но Силекс со автоголот на Гоба и погодокот од пенал на Марјан Ристовски славеше со 1-2.
Воска во Охрид играше против Брегалница и славеше со 2-0. Алекса Марушиќ го отвори резултатот, а во финишот Воска постигна и втор гол.
Струга ТЛ и Тиквеш е закажан за 4. септември.
ПРВА ЛИГА, 6.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
ГОСТИВАР – СИЛЕКС 1-2
БРЕРА – РАБОТНИЧКИ 0-0
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 0-0
ВОСКА – БРЕГАЛНИЦА 2-0
СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ (04.09)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
