
Англискиот премиерлигаш Њукасл направи добра работа во досегашниот тек од летниот преоден рок. „Чавките“ ги доведоа Поуп, Таргет и Ботман, додека Хејден и Хендрик се вратија од позајмици.
Битката за младиот напаѓач Екитике се уште трае, но се чини дека офанзивецот селак ќе прејде во ПСЖ.
Њукасл сака офанзивно засилување, а англиските медиуми пренесуваат дека е контактиран Реал Мадрид за достапноста на Марко Асенсио.
26-годишниот фудбалер е во Реал од 2015 година, но јасно е дека не успеа да ги оправда очекувањата. Имаше одлична сезона со Анчелоти, постигнувајќи дури 10 гола на 31 одигран натпревар, но Шпанецот ретко стартува поради силната конкуренција.
Неговиот договор истекува на крајот на следната сезона, а тој би заминал доколку добие добра понуда. Треба да одлучи дали Њукасл е доволно добар проект за него.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal