Англискиот премиерлигаш Њукасл ќе се обиде да го привлече германскиот интернационалец Јулијан Дракслер, пишуваат медиумите во Франција. „Чавките“ веќе почнале преговори со раководството на Пари Сен Жермен. Парижаните долго време се обидуваат да го продадат Дракслер, но неговата цена воопшто не е ниска – 30 милиони евра.
Германецот има договор со ПСЖ до 2024 година, но свесен е дека за него нема да има доволна минутажа ниту кај новиот тренер Кристоф Галтие. Досега ја претпочиташе улогата на солидна резерва на „Паркот на принцовите“ отколку преселба во друг клуб, но овојпат е подготвен да бара промена.
28-годишниот Германец воопшто не е дел од составот на ПСЖ за претсезонската турнеја низ Јапонија. Минатата сезона, тој учествуваше на 18 натпревари во Лига 1, од кои само на пет започна како стартер од првата минута.
Тој има вкупно 198 настапи за ПСЖ и 26 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













