
Њукасл е блиску до потписот на дефанзивецот на Монако, Аксел Дисаси. Од „Сент Џејмс Парк“ долго време се обидуваат да го доведат францускиот репрезентативец, откако успеаја да се договорат за неговите лични услови.
Раководството на Њукасл сака да ја засили конкуренцијата во одбраната, со оглед дека оваа сезона ќе учествува и во Лигата на шампионите. Затоа сопствениците прават сѐ што е можно побрзо да го финализираат договорот за Дисаси.
25-годишниот централен дефанзивец имаше одлична сезона со Монако, забележа 49 настапи, а постигна и шест гола и забележа четири асистенции. Тој може успешно да игра и на позицијата десен бек. Со добрите игри стигна и до репрезентацијата на Франција и веќе одигра четири натпревари за „триколорите“.
За Дисаси беше заинтересиран и Манчестер Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ сѐ уште не започнале преговори за играчот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal