Connect with us

Њукасл нуди 50 милиони фунти за Кварацкелија

Најпријатното изненадување оваа сезона во Премиер – лигата, тимот на Њукасл, е заинтересиран за грузиската ѕвезда на Наполи, Квича Кварацкелија, но ќе има сериозна конкуренција за потписот на 22-годишниот крилен напаѓач.


Грузиецот блеска оваа сезона во дресот на Наполи, а Њукасл е подготвен да издвои околу 50 милиони фунти за Кварацкелија. Сепак, се чини дека „наполитанците“ ќе сакаат многу повеќе пари за својот најдобар фудбалер.

Њукасл за потписот на грузискиот интернационалец ќе треба да се бори со Реал Мадрид и со Пари Сен Жермен.

Кварацкелија игра во одлична форма оваа сезона, има ефект од 12 гола и 11 асистенции на 24 натпревари во сите натпреварувања. Крилниот напаѓач со прекар „Кварадона“ пристигна во италијанскиот клуб минатото лето за 10 милиони евра од грузискиот Динамо Батуми.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови