Саудискиот принц Мохамед бин Салман, еден од најбогатите луѓе во светот, го купи англискиот премиерлигаш Њукасл и оттогаш не поминува ден во кој медиумите не поврзуваат некое ново име како можно засилување.
Италијанските медиуми тврдат дека Њукасл ќе испрати понуда вредна 120 милиони евра на адреса на Јувентус. Бин Салман наводно го сака италијанскиот репрезентативец Федерико Киеза во својот тим.
Напаѓачот на „старата дама“ и италијанската репрезентација сака нов договор според кој би добивал 10 милиони евра по сезона во клубот од Торино, што во моментов не е возможно, со оглед на финансиската криза во клубот. Постои опција „бјанконерите“ да го продадат Киеза со цел да обезбедат поголем дел од парите за доведување на Душан Влаховиќ и на Пол Погба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













