Њукасл би можел да биде принуден да се раздели со ѕвездата Александер Исак за да го покрие финансискиот фер-плеј, тврдат медиумите на Островот. 24-годишниот напаѓач сака да остане кај „чавките“, но доколку не успеат да се квалификуваат за Европа, што е многу веројатно, тогаш клубот ќе биде принуден да се раздели со него за да ја добие потребната сума.
Се верува дека лондонски ривали Арсенал и Тотенхем се најсериозни кандидати за ангажман на фудбалерот, и покрај неговиот трансфер од над 100 милиони фунти. На двете екипи им е потребен нов напаѓач и Исак дефинитивно може да ги реши нивните проблеми.
Александер Исак ја завршува втората сезона во Њукасл, за кој веќе има 28 гола на 58 натпревари. Оваа сезона, и покрај тоа што имаше неколку повреди, тој постигна 14 гола на 21 натпревар во Премиер – лигата.
За репрезентацијата на Шведска има речиси 50 натпревари, а беше донесен за 63 милиони фунти од Реал Сосиедад.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













