Connect with us

Њукасл го отпушти Стив Брус, интензивна потрага по нов менаџер

Стив Брус доби отказ од клупата на Њукасл. Привремено решение ќе биде Грем Џонс, а новото раководство од Саудиска Арабија брза да најде нов менаџер. Во прв план се двајца стратези, Лусиен Фавр и Пауло Фонсека. Една од опциите е и Стивен Џерард, но тој е се уште актуелен менаџер на Глазгов Ренџерс.


Стив Брус доби отштета од 8 милиони фунти за заминување од кормилото на тимот, иако минатиот викенд беше по 1.000 пат на тренерската клупа во поразот од Тотенхем (2-3).

Португалецот Пауло Фонсека е без работа откако летово се откажа од клупата на Тотенхем, а доби отказ од Рома поради седмата позиција во Серија А. Фонсека претходно со голем успех го предводеше Шахтјор.

Тимот е во зоната за испаѓање и задача и обврска на новото раководство е да го задржи местото во елитата до крајот на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови