Англискиот премиерлигаш Њукасл размислува за понуда до аргентинската ѕвезда на Рома, Пауло Дибала. Крилниот напаѓач има откупна клаузула од само 11 милиони фунти, која може да ја активираат клубови надвор од Серија А.
Сепак, секој заинтересиран клуб треба да дејствува брзо бидејќи истекува на 15 јануари.
Иднината на Дибала е предмет на сериозни шпекулации бидејќи договорот на напаѓачот истекува за 18 месеци. Засега Рома сѐ уште не му понудила нов договор на 30-годишниот Дибала.
Сега „Кориере Дела Сера“ тврди дека Њукасл има сериозен интерес да ја активира неговата клаузула.
Дибала постигна шест гола и забележа шест асистенции на 18 натпревари за „волчицата“ оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













