
Поранешниот фудбалер на Нотингем Форест, Ентони Еланга, ќе му се приклучи на Њукасл за новата сезона, а вредноста на трансферот на шведскиот офанзивец ќе изнесува околу 60 милиони евра.
„Пресреќен сум што можам да му посакам добредојде на Ентони“, изјави менаџерот на Њукасл, Еди Хау, по неговото пристигнување.
Тој додаде дека 23-годишниот фудбалер одамна бил на листата на желби за засилувања и дека е задоволен што се приклучи на тимот уште во рана фаза од подготовките за новата сезона, која почнува на 15 август.
„Тој има извонреден талент, што го прави уникатен и опасен во нападот. Неговата брзина, енергија и способноста да создава шанси и да постигнува голови значително ќе нè засилат и дополнително ќе го подобрат нашиот стил на игра“, додаде Еди Хау за новото засилување.
Њукасл, клуб кој важи за најбогат во светот бидејќи е во сопственост на саудиско семејство, минатата сезона заврши на петтото место во Премиер – лигата и обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Еланга ја започна својата кариера во Манчестер Јунајтед. Во Нотингем Форест прејде во 2023 година, постигнувајќи шест голови и запишувајќи 11 асистенции во минатата сезона од Премиер – лигата, во која клубот заврши на седмото место. Нотингем Форест плати нешто повеќе од 17 милиони евра за неговиот трансфер од Манчестер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
