Њукасл со Еди Хау на клупата се врати на победите во Премиер – лигата, обезбедувајќи лесни три бода против Ипсвич со победа од 3-0. Александер Исак од пенал го отвори резултатот во првото полувреме, а конечниот резултат го поставија Дан Брн и Киран Трипие во вториот дел. Со овој пораз, Ипсвич и дефинитивно испадна од елитата.
Брајтон и Вест Хем одиграа возбудлив натпревар со неверојатен пресврт на домаќините. Ајари донесе водство за Брајтон, Кудус израмни за Вест Хем на почетокот од второто полувреме, а потоа Боуен ги доведе гостите во предност во 83-та минута. Сепак, Јошида израмни во 88-та, а во самиот финиш Карлос Балеба со фантастичен гол донесе победа за Брајтон од 3-2.
Саутемптон беше блиску до сензација против Фулам, но загуби со 1-2 пред својата публика. Стивенс донесе рана предност за домаќините, но Стив Роу израмни за гостите, а Сесењон во судиското надополнување донесе победа за тимот на Марко Силва.
Вулверхемптон убедливо го совлада веќе испаднатиот Лестер со 3-0. Головите ги постигнаа Куња, Странд Ларсен и Гомез.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус шокиран на Сардинија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Евро-фудбал
Шоу на Дембеле, ПСЖ убедлив против Лил (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Прва лига
Сухел Мухареми го засили Работнички













