Новоматик Македонија станува дел од тимот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) како нов официјален спонзор.
Соработката меѓу Новоматик Македонија, во чија групација се светските брендови Адмирал, Астра и Казино Фламинго, и ФФМ беше објавена на настан на кој што присуствуваше генералниот директор на компанијата, Александар Симовиќ, менаџментот на компаниите во рамки на Новоматик Македонија групацијата, како и највисокото раководство на Федерацијата., предводено од претседателот Масар Омерагиќ.
Станува збор за двегодишен спонзорски договор со кој Новоматик Македонија го зацврстува своето долгогодишно залагање за поддршка на македонскиот спорт.
„Фудбалската федерација на Македонија никогаш досега во својата историја немала ваков обем на финансика поддршка од спонзори и треба да бидеме горди што во нецели два месеци успеавме да привлечеме сериозни компании да бидат значајна поддршка за македонскиот фудбал.
Со поддршката ќе можеме да инвестираме во развојот на нашиот фудбал, подобрување на инфраструктурата, унапредување на младинските категории и организирање на уште поквалитетни натпреварувања.
Оваа соработка не е само спонзорство. Тоа е спој на заеднички амбиции и взаемна желба да се постигне нов резултат за македонски спортски успеси“, истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

„Нашата посветеност кон спортот, заедницата и младите е од суштинско значење за Новоматик Македонија. Вложувањето во спортски проекти не е само дел од нашата стратегија за корпоративна одговорност, туку и искрена желба да придонесеме за развојот на македонскиот фудбал. Уверени сме дека ова партнерство ќе донесе позитивни резултати и ќе ги мотивира сегашните и идните генерации фудбалери,“ изјави Марија Митевска, претставник на Новоматик Македонија.
Ова партнерство со ФФМ е уште еден значаен чекор напред во мисијата на Новоматик Македонија за поддршка и унапредување на македонскиот спорт.
Покрај овој договор, компанијата веќе долг период инвестира во македонскиот спорт, поддржувајќи фудбалски, кошаркарски и ракометни клубови, како и индивидуални спортисти. Истовремено, Новоматик Македонија активно донира во јавното здравство, образованието и културните иницијативи, со што ја зацврстува својата улога како општествено одговорен партнер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













