Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар утре ќе добие нов генерален спонзор. Тоа е австриската компанија за игри на среќа Новоматик, која која ќе го преземе спонзорирањето на најголемиот фудбалски бренд во Македонија. Договорот ќе биде потпишан утре напладне во просториите на „Новоматик Македонија“.
Вардар пред три дена почна со активности, досега е доведено едно засилување, дефанзивецот Филип Најдовски, а обновен е договорот и со Дејан Ѓуриќ.
Тренерот Горазд Михајлов најави седум – осум засилувања за следната сезона, со што „црвено-црните“ ќе имаат конкурентен ростер за највисок пласман во претстојната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













