Новите сопственици на Интер објавија дека досегашниот извршен директор на клубот, Џузепе Марота, е промовиран на функцијата претседател. Промена има и во членовите на Управниот одбор.
Како што е познато, шампионот на Италија пред две недели прејде во сопственост на американскиот инвестициски фонд „Oaktree“. Ова стана факт откако претходниот сопственик на „нероаѕурите“, Кинезот Стивен Жанг и неговата компанија „Сунинг“ не успеаја да ја платат сумата за рефинансирање на долгот кон Американците од близу 380 милиони евра заедно со каматата.
Марота е извршен директор на Интер од 2018 година, откако претходно мина осум сезони во Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот













