Ерик тен Хаг му рекол на непотребниот Антони Марсијал од Манчестер Јунајтед да тренира сам за да ја подобри својата кондиција, пишуваат медиумите на Островот.
Холандскиот стратег не мисли дека францускиот крилен напаѓач може да се подготвува со првиот тим. Марсијал имаше болест која го оддалечи од тимот на последните шест натпревари.
Индивидуалните тренинзи за играчите кои се враќаат од повреда е стандардна практика во клубот, но должината на времето што Марсијал го одзема за да ја врати кондицијата не помина незабележано во клубот.
Договорот на Марсијал истекува на лето и се чини дека ќе го напушти „Олд Трафорд“, иако желбата на играчот е да остане. Досега оваа сезона има 19 настапи за „црвените ѓаволи“ и забележа два гола и две асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













