
Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, откри дека не го завршил средното образование. Тој го напуштил училиштето во 11-то одделение, кога имал само 17 години.
„Со мајка ми имавме договор да останам во училиштето сè додека не потпишам професионален договор“, изјави Аморим за португалскиот весник „Експресо“.
На 17 години, Аморим станал фудбалер на Белененсеш, а потоа продолжил во Бенфика, Брага и во катарскиот клуб Ал Вакра.
„Денес многу жалам. Ако тогаш ги положев испитите, ќе можев да го завршам 12-то одделение. А можеби и да се запишам на добар факултет“, изјави Аморим.
Тој не крие дека токму недостатокот на образование е причина за потсмевањето од страна на неговата сопруга.
Од 2013 година, Рубен е во брак со Марија, со која има две деца. Госпоѓа Аморим се занимава со дизајн на ентериери и поседува сопствена фирма заедно со својата пријателка Ракел, сопругата на спортскиот директор на Спортинг Лисабон, Хуго Вијана.
„Мојата сопруга е електроинженер. Секој ден ме задева и ми споменува дека не сум го завршил училиштето“, се пожали со насмевка менаџерот на Манчестер Јунајтед.
Рубен Аморим треба да дебитира како тренер на „црвените ѓаволи“ на 24 ноември, кога тимот ќе игра против Ипсвич. Во моментов, Манчестер Јунајтед се наоѓа на 13. место во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Бенфика?

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
