
Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, беше подложен на медицински тестови поради мускулен проблем по поразот (1-0) од Интер на „Џузепе Меаца“ во дербито на Серија А. Федерико Киеза исто така има полесна повреда.
Тимот на Јуве утрово продолжи со тренинзите, а „Фудбал Италија“ објави дека Влаховиќ има истегнување на адукторот, па бил прегледан од клупските лекари. Неговата состојба ќе се следи секојдневно и ќе биде неизвесен за натпреварот против Удинезе во следната рунда од шампионатот.
Киеза исто така не е во оптимална состојба по мечот. Италијанскиот репрезентативец влезе од клупата во вториот дел, заработи повреда на стапалото, но неговата состојба не е премногу сериозна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
