По поразот во „италијанското дерби“ од Интер (0-1), нов пех го погоди тимот на Масимилијано Алегри. Играчот за врска Мануел Локатели заработи повреда на коленото и ќе мора да ги пропушти натпреварите во наредните триесетина дена.
Според лекарските проценки, играчот од средниот ред ќе може да ги одигра последните три првенствени натпревари за „старата дама“, против Џенова (8 мај), Лацио (15 мај) и Фиорентина (22 мај), но и финалниот натпревар од Купот на Италија, под услов неговите соиграчи да ја елиминираат Фиорентина во полуфиналето.
Локатели минатата сезона пристигна во Јувентус од Сасуоло, а на 40 натпревари во сите натпреварувања постигна три гола и запиша пет асистенции во дресот на Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













