Connect with us

Нова трагедија: Фудбалер починал од срцев удар

Тажни спортски вести изминативе недели пристигнуваат од целиот свет. Oвојпат тоа е смртта на фудбалер во Гватемала. Маркос Меналдо (25) почина од срцев удар на тренингот на неговиот тим.


На стартот на подготовките за вториот дел од сезоната во втората лига, Маркос Меналдо им се пожалил на клупските лекари дека не се чувствува најдобро.

На лице место му била укажана помош, но дефанзивецот на Депортиво Маркенсе починал во болница, каде како причина за смртта е наведен срцев удар. Ова е една во низата големи трагедии кои се случија на фудбалските терени во последно време.

Според локалните медиуми, Маркос Меналдо колабирал на тренинг, а клупските лекари извршиле реанимација. Сепак неговото срце не издржа.

Момчето кое играше како стопер најголемиот дел од кариерата го мина во шпанските нисколигаши, а од 2018 година повторно игра за Депортиво Марсенсе. Со таа екипа забележа добри резултати во првиот дел од сезоната и целта на тимот беше во продолжението да се пласира во елитата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови