
Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Кингсли Коман заработи нова повреда. Францускиот репрезентативец лечеше повреда на адукторот и почна со индивидуалните тренинзи.
Сепак, крилниот напаѓач заработи уште една повреда на денешниот тренинг. Додека се обиде да дрибла со топка, Коман паднал на земја, се фатил за коленото и почнал да вреска од болка, пренесува „Билд“.
Медицинскиот тим на Баварците му помогнал на фудбалерот, по што тој со куцање се вратил во соблекувалната.
Неговата здравствена состојба во оваа фаза сѐ уште е нејасна. Тој во текот на утрешниот ден сигурно ќе замине на нови детални прегледи.
Кингсли Коман е именуван во репрезентацијата на Франција за ЕВРО 2024.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
