
Кристијано Роналдо и понатаму не успеава да ја реши својата ситуација и да го напушти Манчестер Јунајтед. Португалецот пред две недели јасно им стави до знаење на челниците на Манчестер Јунајтед дека сака да го напушти клубот и дека се надева дека ќе ја прифатат понудата што ќе дојде за него.
Португалецот не се ни појави на подготовките на англискиот клуб за новата сезона и се уште тренира сам. Тој очигледно нема намера да се врати во Англија.
Сепак, проблем е фактот што ниту еден клуб не покажа доволно интерес за него и намера да го купи. Го поврзуваа со Челси и со Баерн, но на крајот ништо не излезе од тоа.
Во последните денови се повеќе се пишува за тоа дека Роналдо би можел да се врати во Шпанија и да прејдее во Атлетико Мадрид. Мадриѓаните се многу заинтересирани да го доведат Роналдо бидејќи се свесни за какво засилување би добиле, но нема да им биде лесно тоа да го реализираат.
Атлетико Мадрид дури сака да го продаде Антоан Гризман за да направи простор за Роналдо, но се чини дека би можеле да најдат одлично решение. Очигледно, Јунајтед е подготвен дури и да го испрати Роналдо на позајмица, па затоа на Атлетико не би му требале толку пари за да мора да продаде некого.
Ерик тен Хаг не сака Роналдо да се приклучи на тимот поради неговото однесување и смета дека тоа само би создало проблем. Затоа им порача на клупските челници да се обидат на сите начини да се ослободат од Роналдо.
Наводно, Јунајтед им порачал на челниците на Атлетико дека ќе го пуштат Роналдо на позајмица, што целосно ја менува приказната. Поради тоа, големи се шансите статусот на Роналдо да биде решен во наредните денови и речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во дресот на Атлетико Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?
