Connect with us

Нов удар за Тен Хаг: Тимбер не сака сега на „Олд Трафорд“

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, се соочи со уште една пречка во обидот да го засили тимот пред новата сезона. Според медиумите во Холандија, централниот дефанзивец на Ајакс, Јуриен Тимбер, кој беше една од големите трансферни цели на Тен Хаг, одлучил да остане во својот сегашен клуб.


Причината за ова е што 20-годишниот фудбалер не сака да ризикува пред мундијалот, да оди во нов тим и нов шампионат, каде што нема гаранција дека ќе игра доволно пред настапот на Светското првенство. Играчот е отворен за иден трансфер на „Олд Трафорд“, но не сега.


Минатата недела Дарвин Нуњез, кој исто така го бараше Холанѓанецот, избра да се пресели во Ливерпул.

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, долго време се двоуми дали да се пресели на „Олд Трафорд“.

Десното крило на Ајакс, Ентони, како и Кристијан Ериксен, се исто така меѓу трансферните цели на Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови