Ѕвездата на Ал-Итихад, Карим Бензема, продолжува со фрустрациите при престојот во саудискиот клуб. Напаѓачот не се најде во составот за претстојното гостување кај узбекистанскиот Навбахор од осминафиналето на азиската Лига на шампиони во четврток.
Во ова натпреварување секој тим може да вклучи најмногу пет странски играчи за секој натпревар.
Тренерот на Ал-Итихад, Марсело Галјардо, ги избра дефанзивецот Ахмед Хегази, играчите од средниот ред Н’Голо Канте и Фабињо, како и напаѓачите Ромарињо и Абдеразак Хамдалах.
За Бензема не остана простор, а според информациите причината е тоа што му недостига натпреварувачки ритам.
Како што е познато, 36-годишниот фудбалер го пропушти тренинг кампот на својот тим во Дубаи и продолжи со тренинзите дури минатата недела. Така, Французинот ќе остане во Џеда каде ќе тренира самостојно.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













