
Лидерот Шкупи успеа да го совлада Работнички на Чаир со 2-0 и уште повеќе се зацврсти на врвот на табелата во Првата фудбалска лига со 55 бода. Сандеј Адетунџи во 50.минута и Марјан Радески во 90.минута беа стрелци на головите за составот на Гоце Седлоски.
Шкупи прикажа подобра игра, а „романтичарите“ беа определени на дефанзива додека Шкупи не го отвори резултатот на почетокот на вториот дел. При шутот на Адетунџи, неговиот соиграч од нападот Марко Ѓорѓиоски се наоѓаше во офсајд позиција, но судијата Александар Грујоски во консултација со асистентот, сепак, реши да го признае погодокот.

Во финишот Шкупи остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Гаги Маргбелашвили кој доби два жолти картони, но домаќинот и со десетмина успеа да постигне втор погодок. Марјен Радески во судиското продолжение ја затресе вторпат мрежата на Работнички.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski