Тежок инцидент се случи на натпреварот од Третата лига север помеѓу ФК Беса и ФК Аеродром кој се одигра во Слупчане.
Голманот на гостинскиот тим бил крвнички претепан на теренот, при што бил пренесен во болница во Скопје.
По повод инцидентот, се огласи и МВР, каде било пријавено дека неколку лица биле физички нападнати од страна на домашните играчи и претставници.
„На 26.10.2025 година во СВР Куманово лицето И.А. од Скопје пријавило дека по завршување на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК Беса од Слупчане и ФК Аеродром, неколку играчи на гостинскиот тим биле физички нападнати од страна на играчи и претставници на домашниот клуб. Се преземаат соодветни мерки за расчистување на настанот,“ стои во официјалното соопштение на МВР.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













