
На мечот од Втората лига меѓу Вардар Неготино и Охрид Лихнидос кој заврши со победа на гостите од 0-1 се случи голем инцидент. Веднаш по завршувањето на натпреварот нападнат е гостинскиот голман Андов.
Неслужено лице се симна пред излезот од теренот и со тупаница го удри голманот на гостите, а соиграчите тргнаа во негова одбрана.
Ден по скандалот, фудбалскиот клуб Охрид упати официјално соопштение и видео од ситуацијата во Неготино.
„Во текот на вчерашниот ден одигравме натпревар во Неготино каде што фудбалската игра беше ставена во втор план поради настан кој што нема допирна точка со фудбалот и спортот. Поради лошата организација на домаќинот дојдовме до ситуација која не може да се контролира и многу лесно можеше да ескалира до поголем инцидент.
По завршувањето на натпреварот нашиот голман како и уште неколку наши фудбалери беа физички нападнати од неофицијални лица кои што без никаков проблем се најдоја на теренот.
Исто така и во претходната сезона бевме сведоци на слични случувања во Неготино, но немаше реакција од наша страна. ГФК Охрид Лихнидос како домаќин ги има пречекано сите натпревари крајно фер и спортски без ниеден инцидент. Ние како клуб бараме реакција од одговорните лица на федерацијата. Вакви сцени за жал го уназадуваат македонскиот спорт“, стои во соопштението на ГФК Охрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
