Connect with us

Нов шок за ФИФА: Катар сака комплетно да забрани алкохол на стадионите три дена пред стартот

Катар со сите средства се обидува да го забрани алкохолот, иако договорот беше тој да биде дозволен во специјалните навивачки зони, но и на стадионите три часа пред натпреварите. Еден од главните спонзори на ФИФА е американскиот „Бадвајзер“.


Тие секако би го раскинале договорот, би ја тужеле ФИФА и би барале огромна отштета, па Инфантино се наоѓа во непријатна ситуација.

Секако, ова е обид на владата во Доха, поточно на кралското семејство, во последен момент да ги промени правилата на игра. Веќе добиле концесија, забележале дека промотивните штандови за продажба, како и рекламите се премногу изложени и паѓаат во очи, па се најде решение, наредбата дојде од Јасим бин Хамад, братот на владетелот на Катар.

Да беше по желба на семејството Ал Тани во Катар, никаде не би можеле да пиете алкохол, освен во ВИП собите кои чинат повеќе од 22.000 долари по натпревар.

Алкохолот секако е забранет во оваа конзервативна исламска земја, но за разлика од, да речеме, Саудиска Арабија и Кувајт, тој се служи во некои хотели.

Алкохолот во фан зоните ќе се продава само попладне и навечер по астрономски цени, околу 13 евра за шише. Има и посебни зони каде навивачите ќе бидат присебни, но нема да можат да влезат на стадионот. Исто така, Катар предупреди дека нема да биде дозволена каква било манифестација на ЛБГТ ориентација.

Да потсетиме, домаќинот го смени календарот и најави дека домашната репрезентација ќе го одигра првиот натпревар на Мундијалот, а од Англија дојдоа скандалозни обвинувања дека се обидуваат да го „наместат“ резултатот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови