
Европското првенсто почнува за еден месец, а се уште има тотален информациски хаос околу можноста навивачите да бидат присутни на овој голем настан, историски за Македонија со оглед на премиерното учество. Иако претходно беше најавено дека во Романија македонските фанови ќе можат да заминат со негативен ПЦР тест и да престојуваат само 48 часа, премиерот на Романија сега најавува дека на стадион ќе можат да влезат само вакцинирани од Ковид-19.
„Европското првенство ќе го организираме за влез на вакцинирани луѓе. Јас и претходно на неколку настани кажав дека сите што ќе сакаат да присуствуваат ќе мора да бидат претходно вакцинирани“, изјави романскиот премиер Флорин Читу.
Не е познато дали ова е политичка изјава со која го убедува романскиот народ масовно да се вакцинира, а исто така не е прецизирано и дали важи само за романските граѓани или и за странските навивачи. Дополнително, некои држави признаваат и вакцинација само со одредени типови на вакцина.
За УЕФА е дополнителен проблем што секоја држава домаќин на ЕП има дискрециско право да ги одредува правилата за влез во земјата во период на памдемија со коронавирусот. Засега е познато дека Националната Арена во Букурешт ќе може да прими 25 отсто од капацитетот или 12.500 гледачи, а Романија побара таа бројка да биде и двојно зголемена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем
