Connect with us

Нов проблем за Јуве, се повреди Бремер

Јувентус имаше проблеми против Верона и одигра 1-1, но се чини дека многу поголем е проблемот со повредата на дефанзивецот Бремер.

Според информации од Италија, Бремер се соочи со повреда, непосредно по натпреварот.

Бразилскиот дефанзивец беше оставен да одмори од тренерот Игор Тудор за овој натпревар, но како по обичај, играчите кои не настапија имаа вежби на теренот под надзор на тренерите и физиотерапевтите.

За време на една од тие вежби, Бремер падна на тревата жалејќи се на мускулен проблем. Ова е нов удар за Бразилецот кој ја пропушти речиси целата мината сезона поради тешка повреда.

Во следните часови медицинскиот тим на Јувентус ќе ја процени состојбата на дефанзивецот, а Тудор се надева дека повредата не е сериозна.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови