Connect with us

Нов голем удар за Барселона: Ла Лига драстично и го намали дозволениот буџет за плати

Раководството на Ла Лига објави нови ограничувања на платите за шпанските клубови по завршувањето на зимскиот преоден рок. Најголем губитник е Барселона, која наместо досегашните 270 милиони, сега може да троши само 204 милиони евра годишно за плати на играчите и на стручниот штаб.


Пред само една година Барселона имаше лимит од 648 милиони евра, која летово беше намалена на 270, а сега е намалена на 204, што е нов голем удар за каталонскиот клуб. Ваквата граница е резултат на евалуација на финансиите на Барселона, која со години е во катастрофална состојба. За споредба, Реал за плати може да потроши дури 727 милиони евра.

Барселона може да го зголеми лимитот доколку и се зголемат приходите, но вишокот приход не може веднаш да се искористи за зголемување на лимитот, туку мора да се распредели во четири сезони. Моментално троши 492 милиони евра за плати на играчи и лани ја надмина границата со амортизирање на разни финансиски акробации.

Поради ова на Барселона не и беше дозволено да регистрира нови играчи освен Витор Роке кој дојде од Атлетико Параненсе за 40 милиони евра во претходно договорениот трансфер. Роке би можел да биде регистриран затоа што Гави се повреди на подолг рок, а правилата велат дека во тој случај клубовите можат да регистрираат заменски играчи и покрај тоа што го надминале лимитот.

Во превод, доколку сака да го засили тимот на лето, Барселона ќе мора да направи огромни кратења за да ослободи простор во рамките на салари капот. Друга опција, како што споменавме, е вбризгување на некаков капитал, но таков сѐ уште не е на повидок.

Барселона е третиот тим од Ла Лига според ограничувањето на платите, зад Реал и Атлетико Мадрид, кои можат да трошат 303 милиони годишно за таа ставка. Алавес има најмал дозволен буџет и ќе смее да потроши само 33 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови