
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас игра одлично во дресот на Торино, постигна нов гол во Серија А, во ремито (1-1) против Верона.
Се играше 67. минута, кога Елмас доби топка во казнениот простор од Никола Влашиќ и одлично шитираше по земја за израмнување и финално реми.
Претходно, Торино имаше шанса да го отвори мечот од пенал во 62. минута, но Че Адамс промаши, а казната дојде со голот на Верона во 64. минута што го постигна Амин Сар.
Торино е десетти во Серија А со 40 бода, додека Верона се наоѓа на четиринаесеттото место со 31 бод.
Вториот дуел од Серија А меѓу Емполи и Калјари заврши без голови, 0-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
