
Нотингем Форест е најпријатното изненадување во Англија, продолжува со одлични игри и победи. „Шумарите“ го победија Евертон со 2-0 во 19. коло од елитното англиско натпреварување.
Нотингем Форест го зазеде второто место на табелата во Премиер – лигата благодарение на головите на Вуд и на Гибс-Вајт, во 15. и 61. минута.
Евертон се наоѓа во опасната зона и го чека жестока борба за опстанок.
Тотенхем испушти триумф во дуелот со Вулверхемптон во самиот финиш играјќи 2-2. „Волците“ поведоа преку Хванг Хи-Чан во седмата минута, а откако Бентакур израмни на 1-1 во 12. минута, Сон пропушти шанса да реализира пенал пред крајот на првото полувреме. Сепак, Џонсон го донесе водството за Тотенхем по асистенција на Кулушевски, но Ларсен во 87. минута обезбеди бод за гостите.
На останатите натпревари, ефикасно реми одиграа Фулам и Борнмут (2-2), додека Кристал Палас ги освои трите бода против Саутемптон (2-1).
Претходно, Манчестер Сити успеа да триумфира на гости против Лестер со 0-2, со головите на Савињо и на Ерлинг Халанд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal