Connect with us

Нотингем Форест го сопна Манчестер Сити, пораз на Челси (ВИДЕО)

Манчестер Сити го победи Арсенал на гости, но потоа избраниците на Пеп Гвардиола се сопнаа каде што никој не очекуваше, на дуелот против Нотингем Форест играјќи 1-1. „Граѓаните“ промашија неколку зицери, а на крајот беа казнети за тоа, откако Крис Вуд погоди за израмнување во 84.минута.

Бернардо Силва донесе водство за Манчестер Сити пред крајот на првото полувреме со одличен шут од далечина.

По ова, Сити преку Фоден, Халанд и Лапорт не реализира неколку одлични шанси, а на крајот стигна и казната.

Челси загуби дома од Саутемптон со 0-1. Џејмс Ворд-Праус во 45.минута постигна победнички гол за гостите кои грчевито се борат за опстанок.

Вулверхемптон исто така загуби дома со 0-1 од Борнмут, а и Фулам беше подобар (0-1) на гости против Брајтон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови