Јирген Клоп е „дефинитивно потенцијален кандидат“ за тренерската функција во Баерн Минхен, изјави капитенот на шампионот во Бундес-лигата, Мануел Нојер.
„Верувам дека дефинитивно е потенцијален кандидат кој исто така може да работи за Баерн Минхен и во подоцнежната фаза од кариерата. Тој секогаш се поврзувал со Баерн и сега нема да биде ништо поинаку“, изјави голманот.
56-годишниот Клоп во петокот објави дека ќе се повлече од функцијата менаџер на Ливерпул на крајот од сезоната по речиси девет години. Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и на Мајнц, исто така најави дека планира да направи пауза од фудбалот.
Клоп би можел да биде кандидат за многу врвни клубови во иднина, но и за националните тимови, посебно за својата татковина Германија.
Во Баерн, Томас Тухел има договор до 2025 година, но тимот е второпласиран во Бундес-лигата и не доминира во шампионатот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













