Раководството на Ница ја разгледува можноста како да се ослободи од голманот Каспер Шмајхел. Клубот е разочаран од настапите на 35-годишниот Данец и ќе се обиде да му најде купувач во зима, тврди „Л’Екип“.
Шмајхел дојде во Ница со големи очекувања по неговите ѕвездени настапи за Лестер во изминатите 11 години. Но, од самиот почеток го разочара раководството со фактот дека има вишок килограми, се однесува арогантно, ги прекршува внатрешните правила и ги пропушта задолжителните тимски состаноци. И последно, но не и најмалку важно, настапите на Данецот исто така не се импресивни, па тренерот Лусиен Фавр размислува да го седне на клупата.
Шмајхел беше донесен во Ница од Лестер за сума од околу 1 милион фунти. Тој потпиша договор со Французите до 2025 година. Сепак, клубот веќе бара опција да го пушти што е можно побрзо. Се претпоставува дека веќе на зима ќе се бара начин за директна продажба во друг клуб или барем опција за негова позајмица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













