Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани е слободен играч откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед, а за него интерес појави францускиот прволигаш Ница. Францускиот весник „Nice-Matin“ објави дека 35-годишниот напаѓач е на листата на желби на Ница. Претседателот Жан-Пјер Ривер ќе ги води преговорите за негов ангажман.
Првиот човек на клубот кој минатата сезона во Лига 1 ја заврши на петтото место е познат по ваквите изненадувачки „маневри“, ако се земе предвид дека успеа да донесе повеќе ѕвезди како Хатем Бен Арфа во 2015 година или Марио Балотели една година подоцна.
Доколку Ница го доведе уругвајскиот напаѓач, тоа би значело дека клубот би можел да го напушти младиот напаѓач Еван Гесан, кој е заинтересиран за неколку екипи.
Кавани не е единственото големо име кое Ница го посакува ова лето. Клубот преговараше и за голманите Јан Сомер и Стив Манданда.
За Кавани се заинтересирани и Валенсија, Рајо Валјекано, Елче и Салернитана, но тој многу би сакал кариерата да ја заврши во некое од силните првенства.
Со преселбата во Ница, Кавани би се вратил во Лига 1, каде веќе со значителен успех го носеше дресот на ПСЖ.
Единсон Кавани минатата сезона настапи на само 20 официјални натпревари за Манчестер Јунајтед, постигна два гола и една асистенција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













