Наполи и Пари Сен Жермен не можат да постигнат согласност околу цената на трансферот за Виктор Осимен. Парижаните не планираат да ја активираат клаузулата во неговиот договор која предвидува дека може да замине ако заинтересираниот клуб достави банкарски гаранции во вредност од 130 милиони евра.
Италијанските медиуми откриваат дека понудата на ПСЖ е значително помала од барањата на Наполи.
„Наполитанците“ не се согласуваат ниту со предлозите за играчи кои ПСЖ ги нуди во замена за намалување на трансферната цена. Во моментов изгледа дека најавениот најскап трансфер во овој преоден рок можеби нема да се реализира.
Меѓутоа, англискиот премиерлигаш Челси ја гледа својата шанса и исто така е заинтересиран за доведување на Осимен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













