
Од Нико Вилијамс во Барселона ова лето најверојатно нема ништо. Според информациите од шпанските медиуми тој дефинитивно решил да остане уште една сезона во Баскија на наговор на неговиот брат Ињаки и семејството.
Поради тоа, Барселона се сврти комплетно кон Дани Олмо.
На Шпанецот му истече клаузулата од 60 милиони евра, Германците сега бараат 65, а првата понуда на Барса ја оцениле како потценувачка. Таа изнесувала околу 40 милиони евра и тоа на неколку годишни рати.
Сега веќе ситуацијата е поинаква, Дани Олмо, кој потекнува од Ла Масија, но не сакаше да ја чека шансата и отиде во Динамо Загреб, стана прва цел на Каталонците. Зад него е одлично Европско првенство кое предизвика интерес од најголемите европски клубови.
Барселона наводно ја зголемила понудата на 50 милиони, вклучила и многу реални бонуси од уште десетина милиони за да го скрши отпорот на „биковите“. Наводно, Лајпциг не сака да го продаде играчот на Баерн Минхен, повеќе се расположени да го пуштат во Барселона или во Премиер – лигата, иако од Островот не стигнала понуда од Манчестер Сити, кој беше заинтересиран.
Дани Олмо сака да се врати во Барселона и пред неколку години неговото враќање во Каталонија беше на маса, но каталонскиот клуб беше во големи финансиски проблеми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
